Познат е фактот дека мажите почесто од жените постигнуваат оргазам. Според податоците од најголемата американска студија за сексуално однесување, 91 отсто од мажите постигнуваат оргазам, а само 64 отсто од жените.
За клучот за задоволување на жените сè уште се дебатира. Некои експерти тврдат дека стимулацијата на клиторисот е од суштинско значење, додека други велат дека оралниот секс е неопходен. Но, кои сексуални пози се најдобри за женско задоволство?
Ако сте пробувале гимнастички потези во спалната соба за да го импресионирате партнерот, веројатно само сте трошеле време. „Обидот да изведувате комплицирани акробации го одвлекува вниманието од самиот секс и го става фокусот на одржување рамнотежа наместо на доживувањето сензации“, вели за „Cosmopolitan“ секс едукаторот Дориен Солот, коавтор на „I (Heart) Female Orgasm“. Во неодамнешно истражување на брендот за кондоми „Skyn“, 2.827 жени на возраст меѓу 18 и 34 години биле прашани која е нивната омилена секс поза.
Мисионерската поза се нашла на врвот со 30,90 отсто од гласовите и според експертите за секс, жените добиваат најмногу задоволство од оваа поза. Но, ако сакате малку да ги зачините работите, треба да ја испробате позата која во Камаситра е наречена „Мачка“ (The Cat).
Таа поза всушност е слична на мисионерската, каде што има поголем акцент на стимулацијата на клиторисот.
Претходните студии покажаа дека жените имаат поголема веројатност да постигнат оргазам користејќи ја оваа техника. Како функционира? Започнете со мисионерска поза, а потоа наместо забодување, само тријте го телото за да ја одржите стимулацијата на клиторисот.