
Колачињата ванилици „добро одат“ со домашно кафе и одбрано друштво. Ви пренесуваме стар рецепт кој им успева на сите:
Состојки:
250 грама маснотии или путер;
500 грама брашно;
4 јајца;
100 грама мелени ореви;
лимон;
малку џем од кајсии;
250 грама шеќер;
шеќер во прав.
Начин на подготовка: Маснотиите или путерот се матат додека не се запени, се додава една жолчка и едно цело јајце, шеќерот и сок од цел лимон. Истурете брашно и замесете тесто, па расукајте ја кората до дебелина од 5 милиметри.
Формирајте ги колачињата со модла или мала чаша.
Секое колаче потопете го во изматен снег од две белки и посипете ги со мелените ореви. Наредете ги во намрсен плех и ставете ги во загреана рерна да се печат, но внимавајте да останат бели т.е. да не порумени.
Кога ќе се испечат, покријте ги со џем и поврзете две. Додека ванилиците се уште се топли, извалкајте ги во шеќер во прав.