Кога ќе го ставите срцето некому на дланка и тој ќе прифати да го задржи, се чувствувате како да имате крилја и можете да прелетате над мориња и океани. Почетокот на секоја нова врска е исполнет со романтични гестови и навистина е тешко да се поверува дека нема секогаш да остане така.
Љубовните врски од фазата на заљубување одат во две насоки: првата е предавање на вистинската љубов која созрева, а втората е губење на емоциите и раскинување.
Иако никој од нас не го сака второто сценарио, факт е дека тоа може да ни се прикраде тивко и подмолно. Исто како што можеби не сте планирале да се заљубите, можете да се оддалечите од саканата личност речиси преку ноќ.
Како знаете дека вашата романса е завршена?
Разговорите за иднината се избледени
На почетокот на вашата врска сигурно сте поминале многу време мечтаејќи за работите што би можеле да ги правите во иднина. Сте правеле планови за секој следен викенд, одмор и секоја друга достапна можност што сакате да ја поминете заедно. Исто така, фантазиравте за свадбата, за децата, и сте ги смислиле нивните имиња. Меѓутоа, каде се сега овие разговори? Дали забележавте дека ја избегнувате оваа тема? Ако е така, тоа е јасен знак дека не се гледате себеси заедно во иднина.
Боли кога сте во друштво на други парови
Кога сте покрај вашите пријатели кои изгледаат совршено среќни заедно, дали се чувствувате како да се задушувате? Нивната среќа е како шамар, обидувајќи се да ве разбуди. Вие двајца некогаш бевте такви, нели? Ваквите ситуации ве тераат да размислите дали воопшто сте среќни заедно. Можеби уште почесто го избегнувате друштвото на среќни парови, бидејќи ви е премногу болно да бидете во нивно друштво.
Сè помалку си кажувате „те сакам“.
Кога сакате некого со целото свое срце и кога вашата љубов е на својот врв, едноставно не можете да ја спречите лавината од нежни зборови што се тркала од вашиот јазик кон саканата личност. Се чини би ѝ кажале дека ја сакате милион пати на ден. Сепак, дали се чувствувате како во последно време да се терате да ги кажете тие зборови? Можеби само ќе се насмеете кога ќе ви го каже тоа и ќе ја смените темата. Ако е така, навистина е готово.
Ја избегнувате интимноста
Јасен показател дека на вашата љубов ѝ дојде крајот е отсуството на желба за интимност. Иако се очекува оваа желба да спласне со годините, доколку воопшто ја немате тоа е многу лош знак. Ако се случи водењето љубов, размислувате ли колку уживате во тоа или само чекате да заврши? Можеби веќе не ви се допаѓа кога ве прегрнува или бакнува кога ќе се разделите. Ако е така, тоа е знак дека секој од вас треба да тргне по својот пат.
Ја забележувате секоја маана и тоа ве нервира
На почетокот на вашата врска саканата личност ви изгледаше толку совршена. Сакавте сè во врска со неа и не можевте ни да замислите дека може да ве изнервира едноставно со своето постоење. Но, ако во последно време се повеќе ги забележувате мааните, ставајќи ги доблестите во втор план, тоа е знак дека престанувате да го сакате партнерот. Иако секој од нас си има свои маани, ако од ден на ден сè повеќе ве нервираат и речиси не можете да го поднесете неговото присуство, навистина би било подобро и двајцата да тргнете по својот пат.