Триесетгодишна жена упаднала во куќата на Роберт Де Ниро на Менхетен и се обидела да украде божиќни подароци, пишува „Њујорк пост“. Полицијата ја привела и утврдила дека е сторителка на повеќе кражби.
„Њујорк пост“ пишува дека жената по име Шенисе Авалај сакала да му ги украде iPad-от и подароците на актерот поставени под елката.
Рано утринава, околу два часа и 45 минути по локално време, полицајците забележале женско лице како влегува во подрумот на зградата на Ист Стрит бр. 65, во луксузниот дел на Њујорк – Апер Ист Сајд, каде што исто така пронашле знаци на насилно влегување, објави Ројтерс.
Ја следеле до станот на познатиот актер и ја затекнале како се обидува да краде, полнејќи ја торбата со подароците.
Роберт де Ниро и неговата ќерка во тој момент биле во куќата, пишува „Њујорк пост“. Според некои извори, 79-годишниот актер се симнал долу кога слушнал врева.
Шениз Авалај зад себе има 26 апсења, почнала да краде за време на пандемијата, а годинава била апсена 16 пати.