Доколку немате време да чекате тортата да се испече, ви препорачуваме да направите чоколадно уживање без печење за кое ќе ви бидат потребни само пет состојки. Оваа торта е позната како аргентинска торта, а во 2020 година е прогласена за најдобра во светот
Состојки:
500 гр чоколадни бисквити
675 гр крем сирење
675 гр карамелизирано кондензирано млеко
кафе или млеко
чоколадо
Подготовка:
Измешајте ги кондензираното млеко со крем сирењето и изматете во сад. Потопете ги бисквитите во подготвеното кафе, но можете и да го потопите во млеко. Се редат во тава со димензии 20х20см.
Премачкајте со филот, па наредете бисквити и така додека не добиете 5 слоја. Последниот слој треба да бидат бисквити, а оставете малку фил за декорација.
Вашата торта треба да остане во фрижидер околу 6 часа или по можност преку ноќ. Кога ќе ја извадите премачкајте ја со филот и украсете ја со рендано чоколадо.
Пријатно!