Харисон Форд пробал дури 75 различни шешири пред да се реши за каубојската облека на неговиот лик

popara21 декември, 20221min00
harison-ford-1923-serija-830x0

„Се е во неговиот шешир. Ги направивме многу за него“, изјави костимографката Џени Брајант.

Харисон Форд испробал 75 различни прототипови на шешири пред да го избере совршениот аутфит за неговиот лик Џејкоб Датон во приквел серијата „Yellowstone 1923“. Во новото интервју за Variety, костимографката Џени Брајант зборуваше за трансформацијата на 80-годишниот актер во главата на семејството Датон.

„Се работи за неговиот шешир. Ги направивме многу за него. Сите во различни бои – пробувајќи различни рабови, различни кроеви, различни крунски висини“, нагласи таа.

Откако актерот пробал 75 различни шешири, костимографот, Харисон и креаторот на серијата, Тејлор Шеридан, конечно се решиле за каубојска шапка на Џејкобс. Шапката, која може да се види како Харисон ја носи во хит-приквел серијата, е соодветно наречена „Џејкоб“, пренесува Дејли Меил.

Инаку, во оваа продукција покрај Харисон Форд игра и познатата актерка Хелен Мирен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag