Напиток кој ќе го зајакне вашиот имунитет
Лимонот во комбинација со ѓумбир и мед е доста корисен природен лек. Употребата на ѓумбир го поттикнува лачењето на слуз и на овој начин ја ублажува кашлицата и болката во грлото. Ѓумбирот има антибактериски, антигабични и антитоксични својства, поради што се користи за спречување на грип и настинки.
Состојки:
– 1 поголем лимон
– 200 мл домашен мед
– 1 средно голем корен од ѓумбир
Подготовка:
Измијте го лимонот и исчистете го ѓумбирот, а потоа исечете сè на парчиња. Ставете се во блендер и смелете. Потоа ставете го пијалокот во тегла и чувајте го во фрижидер.
Употреба:
Пожелно е овој напиток да се пие еднаш дневно на празен стомак, по можност наутро. Во оваа смеса можете да додадете и лук и на тој начин да го подобрите ефектот.