Бидејќи денес е Меѓународен ден на оргазмот, секој треба да ја фати за рака својата поубава половина и да и подари…знаете што!
Меѓународниот ден на оргазмот можеби не е голем празник, но може да биде најголемиот празник во годината за вас и за вашата поубава половина ако се потрудите како што треба.
Секоја жена може да изглуми оргазам, а поразително е што речиси четвртина од нив никогаш не ја достигнале кулминацијата во сексот. Затоа, бидете среќни и прославете го овој ден како што доликува. Доста глума, нека вашиот оргазам денес биде реален.
На мажите им е малку потешко да одглумат оргазам, бидејќи тешко можат да дадат докази за „минатата работа“ доколку оргазмот отсуствувал. Но, и мажите можат да глумат дека уживаат во сексот, а тоа се случува во повеќето случаи кога жената е доминантна во врската. Затоа, денес, удрете на масата и подарете и незаборавен оргазам на вашата сакана.
Дали знаевте дека постои разлика помеѓу машкиот и женскиот оргазам? Да, женскиот оргазам бара многу повеќе инспирација од машкиот и на жените им е многу потешко да ја достигнат кулминацијата. Затоа дами, изберете мажи кои знаат што прават!