Познато е дека Том Круз е еден од ретките актери кои не користат каскадер при снимање на акционите сцени
За новиот дел од „Невозможна мисија“,се впушти во уште попредизвикувачки акробации кои можат да бидат крајно опасни.
Самиот Том Курз истакнува дека ова е најопасната сцена што ја снимил во досегашната кариера.
Актерот (60) е познат по тоа што сам ги изведува акробациите, што не е лесен подвиг со оглед на интензивната франшиза преполна со акција.
Том објави видео на социјалните мрежи кое дава увид во она што се случувало зад сцената. На него се гледа како актерот изведува огромен мотоцикл скок од стрмна карпа, проследен со слободен пад пред да го отвори својот падобран во последен момент.
Зборувајќи за акробациите во видеото, возбудениот Том признава:
– Од мал сакав да го правам тоа. Ова е убедливо најопасното нешто што некогаш сме го пробале… на ова работиме со години.
Том ја вежбал оваа сцена повеќе од една година, изведувајќи 13.000 акробации со мотор и 500 скокови со падобран за да се подготви за тој момент на филмот, пишува „Метро“.