Три божиќни смутиња кои ќе ги обожавате: Освен што се вкусни, ќе ви помогнат и да ослабнете!

popara23 декември, 20221min00
f_27393645_1280

Зимата е годишно време кога посветуваме посебно внимание на уживањето во храната. Од собири, семејни вечери и домашни колачи, сето тоа води до уживање во храната. Обично тоа е висококалорична и рафинирана храна, а можеби оваа година е можност тоа да се промени. Оваа празнична сезона вклучете ги смути во исхраната, не само што ќе ви помогнат да се чувствувате добро, туку со нив можете да изгубите и некој килограм вишок. Всушност, тие се совршен лесен оброк и ужина бидејќи содржат тони хранливи материи.

Секако, овој период од годината можете да размислите за празничните вкусови како тиква и јаболко, цимет и секако чоколадо. Еве како би можеле да изгледаат такви празнични рецепти:

Состојки:

225 мл бадемово млеко со ванила
200 грама варен сладок компир
150 грама замрзнато манго
30 грама беби спанаќ
прстофат мелен цимет
прстофат мелено морско оревче
прстофат мелен ѓумбир

Подготовка:

1. Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека смесата не се изедначи.

image

Состојки:

225 мл бадемово млеко со ванила
120 грама јаболко исечкано на парчиња
120 грама круша исечкана на парчиња
180 грама јогурт со ванила
1 лажица семе од коноп
1 лажица овес
прстофат мелен цимет

Подготовка:

1. Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека смесата не се изедначи.

image

Состојки:

1 банана
225 мл бадемово млеко со ванила
150 грама замрзнати јагоди
30 грама спанаќ
120 грама јогурт
2 лажици какао
2 лажици путер од кикирики
прстофат мелен цимет
чоколадни трошки за декорација (по избор)

Подготовка:

1. Сите состојки, освен чоколадните трошки, се ставаат во блендер и се мешаат додека смесата не се изедначи. Потоа украсете со чоколадни трошки.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag