Многу девојки многу добро знаат какво е чувството бескрајно да се чудите и чудите „зошто уште не ме запросил“.
Има жени кои нетрпеливо го чекаат моментот кога маж ќе ги запроси. Врз основа на доказите пронајдени на интернет, оваа опсесија е всушност доста честа појава кај жените, пренесува Twodrifters.us.
Има многу парови кои долго време се во врска, дури имаат и дете, но поради некоја причина мажот не ја запросил својата поубава половина.
Во продолжение во текстот ќе ги дознаете вообичаените причини зошто се уште не ве запросил.
1. Страв од обврзување, посветеност, промена и губење на слободата
Ова се карактеризира како најважна причина за мажите. За многумина губењето на слободата е број еден причина поради која чувствуваат страв и го одложуваат моментот на посветеност на вечната љубов.
2. Не чувствува дека е таму каде што треба да биде
Причината број два е кога мажот едноставно не е подготвен да го направи овој чекор или не е сигурен дека токму тука сака да биде. Ова често е поврзано со кариерата и заработката.
3. Никогаш не сте разговарале за тоа заедно
Дали е можно вашиот партнер да не знае дека размислувате за таков чекор во врската? Можеби размислувате за прстен, но треба заедно да разговарате за овој чекор.
4. Не верува во институцијата брак
Често излегува дека мажот не сака брак, со никого, никогаш. Ако е така, мора да дознаете за овој факт што е можно поскоро.
5. Тој е притиснат од вашите очекувања
Можно е уште да не ве запросил, бидејќи е преплавен од вашите очекувања или од очекувањата на општеството.
6. Вашиот тајминг не се совпаѓа
Некои веруваат дека тајмингот на бракот е порано, некои подоцна, па можно е вие и вашиот партнер да имате различни ставови за совршеното време за брак.
7. Едноставно не е подготвен за брак
Некои мажи сметаат дека не се подготвени за брак. Можеби треба да порасне, да реши некои проблеми или други работи што го кочат.