Малку брашно, шеќер, бадеми и екстракт од ванила заедно со уште неколку состојки ќе ви ги дадат најубавите празнични колачи
Знаете дека е сезона на празници, кога вашата куќа мириса на секакви колачиња, бисквити и кифлички.
Затоа ви го пренесуваме рецептот за највкусниот и најмиризлив деликатес, кој ќе ги воодушеви сите членови на домаќинството:
Состојки:
2 чаши брашно
чаша оладен путер
¾ чаша шеќер
¾ чаша мелени бадеми
2 лажички екстракт од ванила
чаша шеќер во прав
2 кесички ванилин-шеќер
Подготовка:
Помешајте ги брашното, путерот исечкан на коцки, шеќерот и бадемите во прав. Мешајте додека не се добие ронлива смеса, додадете ја ванилата и се убаво измешајте. Од добиената смеса формирајте колачиња, наредете на тава и печете во рерна на 180 степени 12-15 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и ванилин-шеќер, па послужете.