Нека вашите тестенини бидат свежи и подготвени за вечера
Тестенините се основа на многу рецепти, па затоа се незаменлива состојка во кујната. Затоа е важно да знаете како правилно да ги чувате за да го продолжите рокот на траење и да ги избегнете оние бубачки кои се хранат со зрна.
Како да чувате суви тестенини?
Откако ќе ја отворите оригиналната кутија, важно е да ги префрлите сите останати суви тестенини во свеж, херметички затворен контејнер за складирање. Чувајте ги на ладно, темно и суво место, како што е шкаф. Вака складирани сувите тестенини траат бесконечно, пишува „The List“.
Како да чувате варени тестенини?
Свежите тестенини не се дехидрирани, па затоа не траат толку долго како сувите тестенини. Најдобро е да јадете свежи тестенини веднаш кога се подготвени, но ако се чуваат во фрижидер, ќе останат добри уште еден ден.
Ако е можно, варените тестенини и сос чувајте ги посебно – во херметички садови и во фрижидер.