Природна убавица: Глумицата наполни 50 години, а изгледа одлично

popara23 декември, 20221min00
alyssa-milano-decembar2022-instagramjpg

Холивудската актерка Алиса Милано вчера го прослави својот 50-ти роденден, а на своите следбеници на Инстаграм им откри како го поминала својот посебен ден, а патем се сликала во кревет и објавила фотографија на која е без трошка шминка.

Позната е по серијата Charmed, и филмовите Kiss the Bride, Fear и Commando.

Иако ова не е прв пат да позира без шминка пред нејзините следбеници, тие секогаш се воодушевени од нејзината убавина.

„Ова се 50-тите. Без уредување. Без шминка. Ќе го поминам овој ден како и секој друг ден. Ќе се движам малку, ќе сакам многу, ќе бидам достапна и ќе бидам благодарна за се. Среќна сум што сум тука. Токму тука. Токму сега. Во овој момент“, напиша таа на сликата.

https://media.okmagazine.com/brand-img/toF5Qi7lp/0x0/alyssa-milano-pp-1671549912547.jpg

Нејзината фотографија им се допадна на речиси 110 илјади луѓе, а многумина напишаа честитки во коментарите.

Инаку, актерката го привлече вниманието на јавноста кога минатата година во октомври беше уапсена пред Белата куќа во Вашингтон поради учество на протест.

Учесниците на протестот потоа решија да излезат на улица и да побараат промени во однос на избирачкото право, но полицијата ги приведе, бидејќи според законот на Вашингтон е забрането собирање толпи и зафаќање на тротоарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag