Еден ситен детал е од клучно значење
Бујната, сјајна и здрава коса е сон на секоја жена. Затоа многу жени трошат многу време и пари на разни препарати.
Иако секогаш ни се чини дека во фризерскиот салон најдобро не фенираат, сепак најголемиот дел од миењето и обликувањето на косата го правиме дома.
Затоа е корисно да запомните неколку совети од професионалните фризери.
Макс Пинел, австралиски фризер кој има работено со Кејт Мос, Мадона, Синди Крафорд, истакнува дека е важно косата да се плакне околу 20 секунди со ладна вода. На овој начин ја задржува влагата и сјајот.
Друга важна работа – исушете ја косата со крпа пред да нанесете регенератор.
– Колку повеќе вода имате на косата, толку повеќе ќе се разреди регенераторот. Во тој случај, ќе биде потребно многу повеќе време за да ја заврши својата работа, а вие ќе користите повеќе производ. Затоа, исушете ја косата со крпа пред да го нанесете регенераторот, разликата ќе биде огромна – објаснува Пинел.