Природен сок, кој ќе ви даде енергија, но и ќе го прочисти организмот
Цвеклото е богато со витамин Ц, па затоа се препорачува за спортисти, но и за луѓе кои боледуваат од анемија. Најдобро е да се консумира сирово или цедено, иако и салатите од цвекло се исклучително здрави.
Цвеклото претставува најдобро природно средство за детоксикација на организмот, а е исклучително евтино и достапно на нашиот пазар.
Еве како да ја направите најдобрата детоксикација со сок од цвекло:
Состојки:
Половина килограм свежо, измиено цвекло
1 голема краставица
1 јаболко
1 лимон
1 китка магдонос
Парче свеж ѓумбир
Подготовка:
Измијте и излупете го цвеклото. Исецкајте го на помали парчиња. Ставете го во блендер и додадете го излупениот и сечкан ѓумбир, сокот од еден лимон, китката магдонос, излупените и исечкани јаболко и краставицата. Сè смелете во блендер, а потоа процедете го преку крпа или поголема цедалка. Пулпата е пожелна и можете да ја користите и неа.
Вака направениот сок може да трае 2 дена, доколку се чува во фрижидер.