Тори Спелинг итно хоспитализирана: Се огласила од болница, семејството е загрижено

popara24 декември, 20221min00
tori-speling-11-830x0

Sвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“, Тори Спелинг ги загрижи своите обожаватели со селфи од болничкиот кревет кој го објави на инстаграм. Американската актерка  откри дека завршила во болница поради отежнато дишење, вртоглавица и покачен притисок.

 

 

 

 

„Еве ме во болница во доцните ноќни часови“ – напиша Тори на социјалните мрежи.

 

Актерката во објавата соопштува и дека морала да оди на разни испитувања и се осврнува на хејтерите кои претходно ја критикувале кога изјавила дека не може да работи бидејќи се чувствува болна.

 

„Што велите на тоа следниот пат да не ги земате луѓето здраво за готово и да покажете љубезност наместо сомнеж? Запаметете, за луѓето како мене е ноќна мора кога не работиме. Ја сум воркохолик. Секогаш ја одбирам работата“ – порача Тори Спелинг додавајќи дека сега само сака да се врати дома кај своите деца.

 

Тори Спелинг која се прослави со улогата на Дона во „Беверли Хилс“, од 2006 година е во брак со Дин МекДермонт и имаат пет деца – Лиам, Стела, Хејти, Фин и Бо. Токму за време на божиќните празници минатата година, таа се раздели од сопругот откако дознала дека ја изневерува. Но, иако се чинеше дека тоа е крај на нивната врска, актерката сепак, реши да му прости.Ќерката на славниот режисер Арон Спелинг, позната и како богаташката од Холивуд, сега има проблем со довербата и посочува дека односот со сопругот никогаш потполно не се поправил по неговото неверство. Живеат одвоен живот иако и понатаму имаат семејни собири и повремено излегуваат заедно поради децата, открива за Daily Mail, избор близок на актерката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag