Мараја Кери е на удар на фановите заради нејзиниот „соработник“: Не ја напишала сама „All I Want For Christmas Is You“, лажела

popara24 декември, 20221min00
profimedia-0108119651-830x0

Пејачката Мараја Кери моментално ја бие лош глас откако нејзиниот соработник ја обвини дека лаже кога рече дека самата ја напишала песната „All I Want For Christmas Is You“.

Она што многумина ги налути е нејзината, како што сега се тврди, лажна изјава, дека популарната песна ја напишала самата, како мало девојче, додека свирела на клавијатура во една тажна божиќна вечер.

– И двајцата ја напишавме таа песна, тоа е факт. Кога почна да кажува дека сама ја напишала на толку мала возраст, мислам дека и самата почна да верува во тоа. Таа не разбира музика. Таа не знае да свири апсолутно ништо, особено не на пијано. Како успеала да направи толку комплицирана песна без да знае? Нема смисла – изјави нејзиниот соработник за подкастот Hot Takes & Deep Dives.

– Горда сум на оваа песна што ја напишав како дете на мојата клавијатура Casio – изјави Мараја во 2017 година.

Поради нејзините тврдења, Мараја моментално е на удар на многу фанови, бидејќи како што велат многумина, песната е веќе голем хит сама по себе, па немало потреба од измислени приказни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag