Емили Ратајковски има ново момче: Манекенката е фатена како се бакнува со уметникот

popara24 декември, 20221min00
emily-ratajkowski-emili-ratajkovski04-830x0

Љубовниот живот на Емили Ратајковски е тема на медиумите во последните неколку месеци, а на новите снимки кои протекоа во јавноста се чини дека манекенката има ново момче.

 

 

 

Британскиот таблоид Дејли Мејл сподели како се бакнува со уметникот Џек Грир.

 

Интересно, претходно беше објавено и дека Ратајковски наводно се забавува со комичарот Пит Дејвидсон, а таа неодамна откри во нејзиниот подкаст High Low дека користи апликации за запознавање „за инает затоа што другите луѓе ѝ рекле дека не треба“.

 

Откако манекенката и комичарот Дејвидсон се појавија заедно на кошаркарски натпревар во ноември, се шпекулираше за нивната романса. Тие беа снимени и како се бакнуваат, а на почетокот на месецов извор изјавил дека нивната врска станува сѐ посериозна и дека уживаат во друштво.

 

Сепак, се чини дека тие официјално не се во врска со оглед на тоа што Дејвидсон поминува време и со друга девојка, неговата колешка од Bodies, Bodies, Bodies, Чејс Суи Вондерс.

 

Инаку, Дејвидсон ја прекина врската со Ким Кардашијан летото оваа година, а Емили пред пет месеци со режисерот Себастијан Бер МекКлард, со кого беше во брак четири години. Неодамна беше објавено дека таа е во врска со диџејот Орацио Рисп.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma