МАЛИ ТРИКОВИ ЗА ПОСВЕЖ ИЗГЛЕД: Со помош на овие мали совети ќе изгледате поодморено и поздраво

popara25 декември, 20221min00
krema-foto-profimedia_1

Брзиот начин на живот и небалансираната исхрана лошо се одразуваат во повеќе аспекти на нашето здравје. Со цел да не мора постојано да ја согледувате количината на вашиот умор и ненаспиеност, ви советуваме да ги примените следниве четири трикови со чијашто помош вашето лице ќе сјае.

 

 

 

Ладна вода и ладни облоги

Нема ништо подобро од брзо разбудување од тоа да се измиете со ладна вода. За вашето лице да изгледа посвежо и поодморено, по миењето со ладна вода ставете си и ладни облоги на лицето и очите.

 

Внимавајте при избор на пудра

Течната пудра ќе ви даде дополнителен сјај и ќе ви го изедначи тенот, а потребно е да изберете на база на масло или вода. Во зависност од типот на вашата кожа, одберете ја својата идеална пудра, а потоа дополнете ја со хидратантен коректор кој ќе ви ги сокрие темните кругови околу очите.

 

Кремасто руменило

Овој генијален производ ќе го разбуди вашето лице за миг, а одлично ќе ви послужи и како суптилен кармин. Под него нанесете хидратантен балсам за да не ви се насобере на испуканите делови на усните.

 

Без премногу шминка на очите

Малку маскара и млечно бело моливче за очи ќе ви биде доволна шминка за очите. Премногу сенка или туш може да ви го затворат погледот и да направат да изгледате постари отколку што сте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag