КОЖАТА ПАМЕТИ СЕ, А ПОСЛЕДИЦИТЕ НЕ СЕ ПРИЈАТНИ: Што всушност се случува кога прескокнуваме вадење на шминката пред спиење?

popara24 декември, 20221min00
Sminka

Без разлика колку пари трошите на квалитетни креми, тоници, серуми, мицеларни води, лосиони и други производи, секој пат кога ќе заспиете со шминка, се враќате неколку чекори наназад. Следниот пат кога ќе се најдете во кревет и ќе ви помине помислата дека не сте ја направиле вечерната нега на кожата – трчајте во тоалет без преговарање! Или барем чувајте влажни марамчиња за отстранување шминка на вашата ноќна маса, вие најдобро се познавате себеси, па сами одлучете кој метод ќе ве дисциплинира. Првиот чекор е дефинитивно да се соочите со вистинските последици и да откриете што всушност се случува со вашата кожа ако прескокнете да ја вадите шминката пред спиење.

Голем број производи за шминкање содржат состојки како силикон, кој ги затнува порите. Ако имате и најмала склоност кон појава на акни, затнатите пори ќе го поттикнат нивниот развој, а во „најсреќното“ сценарио, вашата кожа само ќе стане побурна. Запушените пори го спречуваат и ослободувањето на природниот себум, кој покрај акните може да резултира и со зголемени пори.

 Uklanjanje šminke

Прескокнувањето на вечерната нега на кожата на лицето, исто така, доведува до забрзано стареење на кожата, бидејќи шминката може да ја зароби нечистотијата од околината и слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата, вклучувајќи го и колагенот. Покрај тоа, вашата кожа повеќе ќе се исуши, што ќе придонесе за стареење на кожата и создавање нови и продлабочување на постоечките брчки. Уште еден непожелен ефект до кој дефинитивно ќе придонесе небришењето шминка е безживотен и уморен впечаток и нерамномерен тон на кожата.

Особено е важно да ја отстраниме шминката што ја нанесуваме околу очите, бидејќи освен што предизвикува разни инфекции, може да предизвика и претерано опаѓање на трепките. За време на спиењето се случува најефикасното обновување на клетките на целото тело, вклучувајќи го и нашиот најголем орган. Со тоа што не ја отстранувате шминката, го спречувате овој природен процес, каде што вашето тело ја врши работата за вас што козметичките производи треба само да ја надополнуваат, а не да ја заменат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag