Се прослави како дете, а потоа потклекна на дрогата: Како изгледа денес и со што се бави малото момче од „Сам дома“?

popara25 декември, 20221min00
351740_kevin-mekalister-profimedia0269950834_ff

Малото русокосо момче од култниот филм „Сам дома“ беше забележано од сите. Улогата на Кевин Мекалистер, маестрално одигран од Меколи Калкин, уште како дете го направи голема светска ѕвезда.

Првите две продолженија на филмот беа негов почеток, но и најголем успех во целата негова кариера, која траеше до неговите тинејџерски години.

За жал, паметното мало момче од филмот во реалноста не било такво, а на 15 години ги шокирал родителите велејќи им дека повеќе не сака да живее со нив.

Тој изјавил дека може да се грижи за себе и за своето богатство, кое во тоа време вредело 13 милиони долари. Тогаш сè тргнало надолу. Како и многу други тинејџери кои се соочуваат со слава на таа возраст, тој не можел да одолее на предизвиците.

Многу брзо почнал да конзумира дрога и антидепресиви, а со зависноста се борел до пред неколку години.

За него било многу тешко да ја раскине врската со Мила Кунис. Таа брзо продолжила понатаму, а тој тивко страдал. Мила потоа стапи во врска со Ештон Кучер со кој е и денес. Меколи ја молел да се смират, но не дошло до тоа сценарио.

На неговите трагични љубовни афери им немало крај. Меколи зад себе има брак со актерката Рејчел Минер, со која се ожени во 1998 година. Тие решиле да се разведат само две години по стапувањето во брак. Тоа се случи во 2002 година.

Makoli Kalkin

Причината за нивната разделба била тоа што таа сакала деца, а тој не бил подготвен за тоа и сакал да се посвети на глумата. Меѓутоа, тогаш никој не се интересирал за него бидејќи изгледал непрепознатливо поради дрогата.

Во неколку наврати интернетот беше преплавен со негови фотографии на кои е исклучително слаб и речиси непрепознатлив.

Многу фанови кои го обожаваа уште од мали нозе сериозно се загрижија за актерот, а се чини дека и тој конечно се загрижи за себе, па реши да престане со пороците и да се врати на актерската сцена.

Makoli Kalkin

Во 2017 година го спаси Бренда Сонг, неговата свршеница и актерка. Бренда и Меколи се запознале на снимање на филм. Тие во повеќе наврати за странските медиуми изјавија дека ги обединувала истата љубов, а тоа е страст за глума од мали нозе.

Оваа славна двојка во 2021 година доби син на кого му дадоа име Дакота. Детето го добило името по покојната сестра на Меколи, која загинала во 2008 година во трагична несреќа кога во неа удрил автомобил. Блиски извори велат дека парот планира уште деца, но и дека сака да се венча.

И покрај неговото бурно минато, Меколи ја задржа добрата репутација и се врати на вистинскиот пат и денес живее мирен семеен живот колку што е можно подалеку од очите на јавноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag