НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА РАФАЕЛО ТОПЧИЊА: Неодолив десерт кој ќе го снема од масата штом ќе го оставите

popara25 декември, 20221min00
261539_rafaelokuglice_ls

Рафаело топчињата се омилените мали десерти на многу луѓе, а се прават толку лесно што ќе успеат и оние со помало искуство во кујната. Сега не мора да ги купувате популарните чоколади, туку може да ги направите овие вкусни топчиња сами дома.

Состојки:

200 мл вода
500 гр шеќер
500 гр млеко во прав
250 гр маргарин
400 гр кокос
100 гр лешници или бадеми

Подготовка:

Водата се става да зоврие, па се додава шеќерот, па маргаринот, па се меша додека не се стопат сите состојки и се соединат. Потоа додадете млеко во прав, 250 гр кокос, убаво измешајте, внимавајте да нема грутчиња, па оставете да се излади. Во посебно тавче пропржете 100 гр лешници. Со раце од претходно изладената маса направете топчиња со саканата големина и во средината ставете лешник. Се тркалаат во кокос, се редат во плех и се ставаат во фрижидер да се стегнат. По желба можете да ги наредите и во украсни корпи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag