Чарлс донел одлука: Уште еден член на семејството протеран од палатата

popara25 декември, 20221min00
Screenshot_8

Кралот Чарлс Трети го протера принцот Ендрју од Бекингемската палата по скандалот со педофилот и финансиер Џефри Епштајн и веќе нема да му биде дозволено да има канцеларија  во палатата или да ја користи таа адреса за кореспонденција, објави Дејли мејл.

 

 

 

Британскиот весник, повикувајќи се на извори блиски до кралското семејство, наведува дека кралот му порачал на својот брат дека сега е препуштен сам на себе со што се прекинуваат сите врски со неговиот стар начин на живот како член на кралското семејство.

 

„Секое присуство во палатата официјално е завршено. Кралот тоа јасно го стави до знаење. Принцот Ендрју веќе не е работен член на семејството и сега е препуштен сам на себе“ – наведува изворот.

 

Принцот Ендрју утре ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригем, но нема да биде со нив во текот на семејната прошетка до црквата.

 

Принцот Ендрју во неколкупати изјавуваше дека бил близок со Епштај кој се уби во затворот во август 2019 година додека го чекаше судењето по обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag