Придржувајте се до нив и домот нема да ви биде во хаос: Пет правила со кои куќата секогаш ќе биде уредна

popara26 декември, 20221min00
Ciscenje-kuhinje

Ако вашиот стан или куќа е секојдневно во хаос, треба да промените некои навики.

Иако можеби претпочитате да правите кафе наутро и да го поминете целиот ден во одморање, не би било лошо веднаш да се фатите на работа и да го исчистите нередот.

После тоа, следете одредени правила секој ден, кои ќе се погрижат кога ќе станете, да не ве дочекува хаос.

Испразнете ја машината за миење садови

Погрижете се да ја испразните машината за миење садови веднаш по миењето, односно веднаш наредете ги садовите. Ова ќе спречи валкани садови да се натрупуваат во мијалникот во вашата кујна. Покрај тоа, секогаш ќе имате на располагање чисти садови.

Наместете го креветот наутро

Пред да излезете од дома и да го започнете работниот ден, за проектот „куќа без хаос“ помага доколку ја средите спалната соба и ја оставите уредна наутро. Ќе бидете посреќни навечер кога ќе видите прекрасно наместен кревет.

Користете корпи или кутии

Низ куќата често се собираат разни ситници и насекаде лежат несредени. Можеби е поштата на кујнската маса или различните клучеви на комодата. За да не лежат овие работи расфрлани низ станот, набавете корпи или кутии во кои ќе ги чувате. Освен што ќе спречите неред, повеќе нема да ги барате вашите клучеви низ куќата.

Ставете ја облеката во плакарот

Колку и да е многу полесно да се фрли облека преку столот после напорниот работен ден, тоа е многу неуредна навика. Имено, следниот ден ќе го направите истото – па облеката само ќе се натрупа. Навикнете се веднаш да ставате валкани алишта во корпа, а останатите работи ставете ги во плакарот. Ова исто така важи и за чевли и јакни.

Оставете чиста кујна навечер

Уште една работа – брзо подгответе ја вечерата во кујната, а потоа убаво седнете на софата пред телевизорот – тоа е одлично чувство! За жал, следниот ден ќе забележите дека кујната не се исчистила сама. Затоа после јадење одвојте малку време да ги измиете тенџерињата и тавите, избришете ја работната површина во кујната. Следниот ден нема да има непријатни мириси – и ќе се чувствувате одлично бидејќи не мора да ја чистите кујната!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag