Медот, лукот, јужното овошје, зеленчукот, јогуртот и црната чоколада помагаат во одбраната на организмот…
Ако имунитетот го сфаќаме како способност да се избориме со секаков вид на болести, тогаш здравиот стил на живот претставува најдобриот штит, тврдат експертите.
Дури и храната со одреден состав може да ги зајакне одбранбените сили, а и денес се користат шесте древни намирници за кои уште одамна се знае дека го зајакнуваат организмот. Тоа се: мед, лук, јужно овошје, зеленчук, јогурт и црно чоколадо.
Имунитетот можат да го поправат и различните фармацевтски препарати, а во последно време многу популарни се оние кои содрат полисахаридни екстракти од азискиот регион, како што е на пример бета-глуканот. И голем број на лековити препарати кои можат да се најдат на нашите простори, кои ги има во различни фармацевтски облици во билните аптеки, како што се екстрактите од бел бор, жалфија и камилица кои имаат антимикробни и антиоксидантни својства.
Исто така, треба да го избегнуваме сето она што може да му одмогне на нашиот имунолошки систем во неговата секојдневна работа, на прво место е психофизичкото исцрпување, прекумерната употреба на алкохол и храна… Секоја инфекција треба да ја сфатиме сезиозно и да побараме навремено лекарска помош. За одбраната на организмот од вируси да биде ефикасна, треба секојдневно да издвоиме 30 минути за физичка активност, да јадеме умерено и внимателно да ги избираме намирниците, доволно да се одмораме и квалитетно да спиеме.