Божиќ во семејството Афлек-Лопез
Музичката и актерска дива, Џенифер Лопез (53) се чини дека никогаш не старее. Колку и одговара бракот со Бен Афлек, како и семејната идила за време на празниците, покажува и нејзината последна објава во која изгледа како мало девојче.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм на Божиќ, Џеј Ло се појави во краток син фустан со машнички, со голема бела јака извезена со цвеќиња и бели манжетни.
Изгледа многу скромно и елегантно, а новогодишниот впечаток го комплетираше со црвени лакирани сандали и бордо кармин на усните. Како накит носи обетки во форма на бели ради.
Заедно со објавата во која позира во свечена облека, со елка и празнична трпеза, таа накратко напиша:
– Среќен Божиќ!!!