„Роден слободен. Биди слободен. Среќни празници“, напиша Хопкинс.
Многу луѓе ширум светот го прославија Божиќ во недела, на 25-ти декември, според Грегоријанскиот календар. Меѓу нив и Ентони Хопкинс.
За оваа прилика, легендарниот актер на социјалните мрежи објави кратко видео каде танцува на евергринот на Леонард Коен „Dance Me to the End of Love“.
„Роден слободен. Биди слободен. Среќни празници“, напиша Хопкинс.
Лајкови и позитивни коментари доаѓаа од сите страни.
Секако, Ентони Хопкинс со оваа содржина уште еднаш им го разубави денот на многу луѓе ширум светот.
Погледнете го видеото ОВДЕ.