Трендовите за оваа сезона ни носат пет бои кои ќе доминираат. Зимата е период кога жените преферираат потемни бои. Црната е речиси неизбежна, а тука се и нијансите на кафена и зелена боја. Сепак, се чини дека оваа сезона ќе има промени, а овие пет нијанси со стил се враќаат на модниот радар.
Додека некои бои се сосема очекувани, други се вистинско изненадување, како неонската зелена која ги доживува своите пет минути слава. Секако, не смееме да ја заборавиме и неонската розова, односно барби нијансата која трендсетерите ја носат со месеци, а која што се однесува до модата, ќе ја продолжи својата доминација во 2023 година.
Раскошна виолетова
Не, не зборуваме за заводливи бордо или пастелни нијанси, туку за богата, раскошна длабока виолетова боја. Прилега на секој тен, а на вас зависи дали ќе изберете капут или јакна во оваа нијанса или детали како капа и кожени ракавици.
Елегантна камел
Оваа нијанса е можеби најмалку изненадувачка во листата на доминантни бои оваа сезона, но дефинитивно ќе биде застапена во текот на зимата 2023 повеќе од кога било. Причината е едноставна. Камел бојата изгледа многу елегантно и скапо, а не е чудно што е на радарот на трендсетерите.
Лимета за жив впечаток
Нијансата на лимета зелена им влезе под кожата на љубителите на модата во текот на летото, па вистинско изненадување и освежување е да се види дека оваа боја ќе биде подеднакво застапена и во текот на зимата. Модерните девојки особено сакаат да носат ролки во оваа нијанса во комбинација со црни аутфити, што додава малку живост на монотоните зимски изданија.
Сина за кралици
Кралската сина е можеби најубавата нијанса која се враќа на голема врата за време на студената сезона. Исто како што сугерира нејзиното име, не можете да погрешите со кралската сина и секогаш ќе изгледате како девојка од милион долари. Одберете свечен фустан за некоја од прославите што претстојат и заблескајте како кралица!
Сино – сивата оди со се
Сивата боја можеби е една од најчестите бои во зима, но оваа сезона е поприсутна од другите. Веројатно причината е што лесно се комбинира со сите други бои, а ќе изгледате елегантно што и да носите.