Алое вера е вистински подарок од мајката природа на светот на козметиката, а најчесто се користи за нега на кожата на лицето и косата.
Нејзиниот изглед наликува на кактус, но се смета за кралица на растенијата во светот на убавината, бидејќи изобилува со витамините Ц и Е, кои кожата лесно ги апсорбира. Според food.ndtv.com, ова се причините зошто е толку популарна.
Кожата на лицето
Гелот што го содржи алое вера можеби на прв поглед не изгледа привлечно, но неговите придобивки кога станува збор за кожата се многубројни.
Нанесете го гелот од листовите на растението на кожата и ќе забележите како пријатно ве лади и дава благотворно дејство. Алоето се користи не само за чистење на кожата, туку и за зараснување на помали исеченици, хидратација на сува кожа и ублажување на изгореници. Богата е и со бета каротен, кој го забавува стареењето и му дава свежина на лицето.
Не двоумете се да го користите гелот од ова растение дури и ако имате чувствително лице. Доколку чувствувате печење, тоа е сосема нормален процес на прво чистење на лицето, исто како и кога тоа го правите со индустриски козметички производ.
Косата
Алое вера содржи протеолитички ензими кои ги обновуваат мртвите клетки на кожата на скалпот, а делува и како одличен регенератор, оставајќи ја вашата коса мазна и сјајна.
Исто така, употребата на гел од алое може да го поттикне растот на косата, да го ублажи чешањето на скалпот, да го намали првутот и во исто време да ја негува здравата коса. Добро се комбинира со други природни производи за нега на коса, почнувајќи од маслиново и кокосово масло, завршувајќи со жолчка од јајце и млеко.
Не можете да погрешите ако го користите само гелот од растението алое како маска.