Иако Џејк Џиленхал глумеше покрај бројни холивудски убавици како Ен Хатавеј, Рејчел Мекaдамс и Натали Портман, улогата во комедијата „Good Girl“, во која негова партнерка беше Џенифер Анистон, е особено незаборавна. Имено, Џејк во 2002 година имал 22 години и сосема се вљубил во Анистон, која тогаш била на врвот на својата слава благодарение на ситкомот Friends.
Во споменатиот филм Џенифер и Џејк глумат колеги од работа кои се впуштаат во забранета афера, а Џиленхал неодамна во емисијата на Хауард Стерн призна дека снимањето на секс сцени со Анистон за него било тортура.
„О, да, тоа беше мачење. Но, во исто време, тоа не беше тортура“, рече актерот низ смеа, додавајќи дека снимањето љубовни сцени во филмовите генерално „не го пали“.
„Тоа е чудно и непријатно затоа што те гледаат 30, 50 луѓе? Тоа е чудно и механичко. Тоа е како танцување, кореографија пред камера. Можеш да се внесеш, но тоа е како сцена со борба, треба да се кореографира “, истакна тој.
Џиленхал откри и дека за време на снимањето на незгодните сцени каде што биле „хоризонтални“ ставале перници меѓу нив.
“Мислам дека тоа всушност беше предлог на Џенифер, таа беше многу љубезна да го предложи пред да започнеме. Таа рече: “Јас ја ставам перницата овде”, се сеќава Џејк.