КАКО ДА ГО ОМЕКНЕТЕ ЦВРСТОТО И ЖИЛАВО МЕСО? Со ОВИЕ трикови се служат и ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ!

popara27 декември, 20221min00
583184_cekic-ya-meso_f

Со неколку трикови, како на пример користење маринада и чекан заедно со сечење и варење, месото може да се подготви така што ќе се добие мек и сочен специјалитет.

Сигурно некогаш сте купиле парче месо кое било прилично жилаво. И можеби мислевте дека таквото месо нема никаква корист, па или сте го фрлиле или сте го искористиле за да ги нахраните вашите миленици.

Професионалните готвачи открија што треба да направите.

  1. Маринада

Оставете го месото неколку часа, а најдобро би било да го оставите преку ноќ во маринадата. Ова е важен предуслов за меко и сочно месо, бидејќи не само што ќе добие потполн вкус, туку маринадата ќе го подобри и вкусот на месото и ќе го омекне. Исто така, важно е маринадата да содржи извор на киселина како сок од лимон, јогурт или оцет, како и многу сол.

  1. Чекан

Чеканот за месо треба да се најде во секоја кујна, бидејќи кога ќе го удирате месото со него, ќе го истенчите, така што термички ќе се обработи рамномерно, но и ќе ги омекнете жилите со процесот на удирање.

  1. Сечење

Изгледот и вкусот на печеното месо зависат и од начинот на кој се сече месото. Месарите тоа добро го знаат. Што треба да направите? Најпрво, внимателно испитајте го сировото парче месо и пронајдете ја насоката во која се движат мускулните влакна во него. Сечете со нож во правецот на кој одат влакната. Така ќе ги скратите и месото ќе стане полесно за џвакање.

  1. Готвење

За да направите чорба од тврди парчиња говедско рамо или бут, важно е месото да се загрее на ниска температура. Термичката обработка треба да трае со часови. Гулашот секако традиционално се готви два до три часа, а колагенот во мускулното ткиво на месото во тој процес се разградува и на тој начин парчињата стануваат меки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma