Магична билка
Чајот од магдонос е широко распространет кај нас. Магдоносот се користи за многу намени, најчесто при подготовка на храна и како чај.
Ги смирува нервите, ја ублажува болката, ја отстранува надуеноста, ја чисти крвта, а ова се само дел од ефектите за кои народната медицина обилно го користи.
Секој кој сака да се лекува на природен начин може да користи магдонос за да го промовира заздравувањето.
Се препорачува како лек против треска, болести на бубрезите, болести на уринарниот тракт, дијабетес, воспаленија на очите, убоди, каснувања, па дури и импотенција.
Познато е и дека со грицкањето магдонос се отстранува непријатниот мирис од устата, а се користи се од ова растение – лисја, корени и семе.
Освен сето ова, го поттикнува излачувањето на течноста од организмот, па затоа е многу корисен за здравјето на бубрезите и сите уринарни патишта. Коренот од магдонос делува како диуретик, па затоа се користи за лекување на различни форми на прекумерна акумулација на течности во телото.
Токму ова е една од причините зошто жените често го консумираат. Доколку сакате да го намалите и стомакот и колковите пред Нова година, се препорачува да консумирате чај од магдонос во количина од 2 до 3 шолји во текот на денот.
Магдоносот исто така го стимулира излачувањето на сол од организмот, а со тоа го намалува крвниот притисок. Од слични причини, може да помогне во борбата против дебелината. Потоа, ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се намалува ризикот од чести кардиоваскуларни заболувања.
Една кафена лажичка семки, листови или корења прелијте ги со 200мл врела вода, оставете да отстои 10-15 минути и процедете. Пијте топол чај помеѓу оброците 2-4 пати на ден.