ГО ОСТАВИВТЕ БОЖИЌНИОТ ШОПИНГ ЗА ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ? Имаме 5 предлози за уникатни подароци кои ќе се паметат

popara28 декември, 20221min00
Bozicni-pokloni (1)

Купувањето божиќни подароци често се претвора во кошмар, благодарение на долгите редици во преполните трговски центри и преголемиот избор, особено ако се направи во последен момент.

Можеби на вашата листа на најблиски кои заслужуваат подарок има некој кој веќе има се, или некој кој живее во мал простор и не сака да чува многу работи или некој кој живее минималистички начин на живот. Можеби сакате да изненадите некого со супер оригинален подарок кој ќе се памети многу подолго од божиќниот џемпер.

Во секој случај, изборот на нематеријални и искуствени подароци е навистина голем, а ние ви подготвивме неколку предлози за вакви подароци. Дополнителен плус е што можете да ги набавите од удобноста на вашиот дом, без да чекате во редици и да се грижите дали ќе стигнат на време.

1. Претплата на услуга за стриминг видео или музика

Нема шанси да погрешите со претплата на една од популарните услуги за видео или музички стриминг. Понудата рапидно се шири, па можете да најдете по нешто за секого, а Netflix, Spotify, Deezer и слични платформи гарантирано ќе ги израдуваат вашите најблиски.

2. Курс за усовршување

Почестете ги некои од вашите најблиски со курс кој ќе им помогне да усовршат талент или хоби, понудата е навистина огромна, од готвење до работилници за фотографија предводени од најголемите светски експерти во овие области.

3. Подарок против стрес

Дури и ако не сме свесни за тоа, огромното мнозинство од нас живее стресно секојдневие. Изненадете ги вашите најблиски со масажа, велнес викенд или третман против стрес.

4. Претплата на вашето омилено списание

Печатот, без разлика што велат луѓето, сè уште е многу жив. Сигурно постои специјализирано списание за речиси секој интерес што ќе ви текне, а вашите најблиски ќе се сеќаваат на вас и на вашата генијална идеја за божиќен подарок секогаш кога ќе го најдат омиленото списание во своето поштенско сандаче.

5. Домашни колачи

Ако сакате вашиот подарок да има личен допир или ако веќе сте потрошиле премногу на подароци за Божиќ, одвојте едно попладне за да ги разгледате примамливите рецепти за колачи и да ги воодушевите вашите најблиски!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma