Го штити мозокот, го намалува холестеролот и го регулира варењето: Пченката е суперхрана

popara28 декември, 20221min00
shutterstock_271994264

Помага при стомачни проблеми бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир на желудникот

Кога бираме храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од рак и други болести, обично помислуваме на егзотично овошје и зеленчук. Но, докажано е дека житарките, особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Не содржи глутен, што ја прави добра алтернатива на пченицата за оние кои мора да ја избегнуваат. Еве уште неколку причини зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана.

Богата е со растителни влакна

Варената или печена пченка е првиот знак на есента. Со оглед на нејзиниот благ, сладок вкус, не е ни чудо што е омилена храна, но и поради нејзината хранлива вредност.

Имено, пченката е уште една намирница богата со растителни влакна која го намалува покаченото ниво на холестерол и го регулира варењето, а содржи и висок процент на фолна киселина, витамин Б1, кој е важен за правилно функционирање на мозокот и јаглехидрати кои нè снабдуваат со потребната енергија.

Има малку калории

Пченката нема многу калории, еден кочан има околу 100, па со мирна душа можат да ја консумираат и оние кои се грижат за линијата. Бројни истражувања покажаа дека пченката е важен заштитник на срцето поради изобилството на витамин Б5, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум, како и антиоксидансите лутеин и зеакантин.

Исто така, треба да се напомене дека неодамнешните истражувања покажаа дека пченката помага во развојот на добри бактерии во дебелото црево и дека помага при стомачни проблеми бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир на желудникот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma