Два одлични трика кои ќе ви помогнат да го „оживеете“ стариот лак за нокти
Секоја девојка има барем еден лак во својот плакар кој се исушил и станал премногу густ. Сепак, нема потреба да го фрлате, особено ако е еден од вашите омилени.
Можете да ја вратите поранешната текстура на два начина. Првиот е да ставите неколку капки ацетон во шишето со лак и добро да го протресете. Потоа додадете неколку капки масло од портокал, добро затворете и оставете го малку во топла вода.
Уште еден начин е преку ноќ да го ставите лакот во замрзнувач, а наутро да го ставите во врела вода. Ќе забележите дека потоа ќе биде многу полесно да го нанесете.
Лаковите треба да се чуваат на потопли места.