Луксузната куќа на Лука Модриќ е како дом од соништата. Секоја соба е приказна сама за себе, но погледот на море е она што и дава посебен шарм.
Лука Модриќ е најдобриот хрватски фудбалер досега, што го покажа неодамна на Светското првенство во Катар, покажувајќи одлична форма на 37-годишна возраст. Во својата долга кариера настапуваше за многу клубови, а моментално е еден од најважните играчи во тимот на Реал Мадрид. Со својата беспрекорна игра постигна многу успеси кои му донесоа големо богатство.
Некогашниот освојувач на „Златна топка“ е член на Реал Мадрид од 2012 година, кога заедно со сопругата Вања Босниќ се пресели во шпанската престолнина. Во меѓувреме, добија три деца, а Вања и Лука набрзо ја заменија својата прва куќа со луксузна вила во Ла Моралеха, населба во северниот дел на Мадрид, која е помодерна и чија цена изнесува вртоглави 12 милиони долари.
Имотот на спортистот и неговата убава сопруга се простира на 10.000 метри квадратни, од кои куќата има 2.700 квадратни метри. Има девет спални соби и девет бањи. На првиот кат има луксузна кујна, масивна дневна соба, шест спални соби.
Вториот кат е наменет за гости и има прекрасен поглед на одлично уредената градина. Има и приватна кино соба со 18 седишта, како и стаклена винарска визба, огромна игротека за деца.
Лука обезбеди и гаража за 10 автомобили, додека во дворот има паркинг, базен, спортски терени, стаза за кросфит. Луксузната вила има и теретана и соба за масажа.