Марк Волберг (51) се опушти на плажа и ја покажа бруталната фигура: Фатен во интимен момент со сопругата

popara29 декември, 20221min00
profimedia-0501559427-830x0

Холивудскиот актер Марк Волберг (51) уште еднаш го покажа своето затегнато тело додека ужива со сопругата Реа Дурам.

Имено, шармантниот актер бил забележан во тиркизен костим за капење додека се релаксирал на белите песочни плажи на Барбадос.

Парот е виден во емотивни моменти како се бакнуваат во водата.

Децата на парот, Ела (18), Мајкл (16), Брендан (13) и Грејс (12) не беа забележани на сликите, но се верува дека го прославиле Божиќ со своите родители на тропското прибежиште.

Да потсетиме дека во октомври Волберг откри дека тој и неговата сопруга ги преселиле трите деца од Холивуд во Невада со цел да им овозможат подобар живот.

– Значи, да можам да им дадам подобар живот на моите деца и да ги следам моите и нивните соништа – без разлика дали тоа е мојата ќерка како иден возач, мојот син како кошаркар, мојот помал син како играч на голф – ова имаше многу повеќе смисла за нас – објасни тој во епизода на „The Talk“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma