Жените во љубовта се речиси двојно повнимателни од мажите! Сега има научен доказ за тоа. Истражувањето за машко-женските односи објавено во списанието „Journal of Social Psychology“ покажа дека на жените им требаат 134 дена за да можат да кажат дека се заљубиле, додека на мажите им требаат 88.
– Тој период е доволен за посилниот пол да и каже на партнерката дека ја сака. Жените имаат различни потсвесни биолошки стандарди, врз основа на кои бараат соодветен партнер и веднаш во него гледаат потенцијален сопруг, татко на нивните деца, љубов на животот – вели авторката на истражувањето д-р Мариса Харис.
Таа оцени и дека жените повеќе уживаат во сексот кога се емотивно поврзани со партнерот и „потсвесно ја одложуваат љубовта, како и дека можат многу да изгубат на репродуктивен план доколку се посветат на погрешен маж“.
– Често се случува жените да се исплашат ако мажот веднаш физички им се допадне. Тие тогаш мислат дека ги привлекла нивната фантазија и мислат дека треба да внимаваат – изјавила доктор Харис.