Почина Вивиен Вествуд: Го маѓепса светот со панк стиловите, а Кери Бредшо ги обожаваше нејзините креации

popara30 декември, 20221min00
352198_vivijen-vestvud-epa-11213342_ff

Во објава на Твитер, нејзината модна куќа соопшти дека Вивиен Вествуд починала „мирно и опкружена“ со своето семејство во јужен Лондон.

Тие забележаа дека таа е голем двигател и дека на светот му требаат луѓе како Вивиен за да го направат подобро место за живеење.

Нејзиниот сопруг и креативен партнер Андреас рече:

– Ќе продолжам со Вивиен во срцето – пренесува BBC.

– Работевме до крај и таа ми даде многу работи со кои можам да продолжам – изјави Кронталер.

Познатата Вивиен се истакна со чудни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и продолжи да облекува некои од најголемите модни имиња.

Таа стекна огромна популарност кога направи облека за бутикот што таа и Малколм Мекларен го водеа на Кингс Роуд, кој стана познат како „Секс“.

Vivijen Vestvud

Нивната способност да синтетизираат облека и музика ја обликуваше британската панк сцена од 1970-тите, во која доминираше бендот на Мекларен, Сек Пистолс.

Вивиен имаше четири продавници во Лондон, а потоа полека го освојуваше светот. Таа беше позната и како еколошки активист, ги посвети своите први слики на климатските промени, планетата Земја, Арктикот и дождовните шуми.

Таа цела деценија се спротивстави на консумеризмот и се залагаше за мотото – купувај помалку, избирај мудро и труди се да издржиш.

Вивиен Вествуд потекнува од работничко семејство. По завршувањето на основното училиште се запишала во уметничко училиште во предградијата на Лондон, каде научила да изработува сребрен накит.

Со колекцијата Buffalo Girls таа го воведе носењето градници како горна облека, а постои и приказната дека здолништето со балон го вовела во мода една година пред Кристијан Лакроа.

Долго време избегнуваше соработка со мејнстримот, но сепак се согласи да ја дизајнира венчаницата што ја носеше Кери Бредшо во филмот Сексот и градот.

Во 1992 година, Вивиен Вествуд доби орден од британската кралица, не носејќи долна облека притоа, која ќе останеше скриена доколку (не)намерно не ја покажеше, позирајќи им на фотографите во дворот на Бакингемската палата.

Во 1992 година се омажила за Австриецот Андреас Кронталер, дваесет и пет години помлад од неа, кого го запознала како студент по уметност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma