Внимавајте што чистите со правосмукалката
Правосмукалката е еден од главните апарати за чистење на домот, што во многу случаи ја олеснува работата.
Сепак, постојат одредени работи кои не смеете да ги исчистите со правосмукалка, бидејќи може да го оштетите овој домашен апарат.
Големи количини на влакна
Косата или влакната на вашите миленици се насекаде низ станот, а најчесто тоа не го ни забележуваме. Правосмукалката може да се справи со мала количина на влакна, но се советува да избегнувате усисување на голема количина влакна. Многу влакна може да ги замрсат или затнат каналите на правосмукалката.
Стакло
Острите делови од скршено стакло може да ја оштетат внатрешноста на правосмукалката. Производителите препорачуваат никогаш да не го правите тоа.
Ситни честички прашина
Малите честички прашина, како оние од градежните работи, пепел, сенки за очи и слични работи, најдобро се чистат со метла или се собираат со влажна крпа. Не е паметно да се вшмукува таквата содржина бидејќи може да го оштети моторот на правосмукалката и постои можност правот повторно да се испушти во воздухот.
Електрични жици
„Life Hacker“ пишува дека не треба да се вакуумираат бидејќи може ја оштетат правосмукалката одвнатре.
Лепливи материи
Слично на течностите, производителите советуваат дека не е паметно да се вакуумираат лепливи материи. Тие можат да ја затнат цевката, внатрешноста или дури и да ја уништат четката на правосмукалката.
Земја
Проблемот е што земјата е влажна и не треба да усисуваме ништо влажно. Не само што ќе страда електрониката во правосмукалката, туку може да почнат во неа да се собираат мувла и непријатни мириси.