Партнерот кој е на врвот сега може да почне да се движи ритмички и за подобра рамнотежа може да се држи за половината на партнерот кој лежи или тој или таа може да се префрли до подот и да се држи со рацете.
Позата Супернова е едноставно една од оние пози кои не смеат да не бидат на вашиот репертоар за време на љубовна екстаза. Посебно кога ви е преку глава од монотонијата и секогаш исти пози, но и ако ви се случило да бидете лишени од кулминацијата.
Имено, Супернова не само што гарантира достигнување на кулминацијата, туку ветува оргазам за паметење, еден од оние што се чувствуваат како пријатна струја од врвовите на прстите на стапалата – сè до темето на главата.
Веројатно никогаш не сте слушнале за супернова, освен во контекст на астрономијата. Но, наскоро ќе знаете зошто оваа поза е омилена поза на многу жени – меѓу другото, ова е поза која лесно може да се прилагоди според сопственото ’задоволство’.
Како изгледа оваа поза?
Во оваа поза, еден од партнерите, без разлика дали е маж или жена, лежи на работ од креветот или каучот. Треба да легнете со лицето свртено кон таванот и да го оставите горниот дел од телото да виси од креветот до подот. За да ја направите позата поудобна, можете да ставите перница под главата. Партнерот сега може да избере дали да заземе мисионерска, каубојска или обратна поза каубојка.
Партнерот кој е горе сега може да почне да се движи ритмички и за подобра рамнотежа може да се држи за половината на партнерот кој лежи или тој или таа може да се префрли до подот и да се држи со рацете.
Зошто оваа поза е она што ви треба
Најдоброто нешто за позата Супернова е што има толку многу опции. Дали сте вие оној кој сака да биде доминантен или сте повеќе пасивен тип? Дали сакате да имате многу простор за маневрирање или претпочитате вашиот партнер да се труди околу вас додека вие уживате? Како и да е, ќе ви се допадне бидејќи ова е поза што лесно може да се прилагоди на секоја желба под јорганот.