- Жежок Тоди
Состојки:
500 мл јаболковина
150 ml вода
1 лимон
50 гр шеќер
400 мл виски
неколку стапчиња цимет
ѓумбир
Во тенџере на средна топлина загрејте ги јаболковината, водата, шеќерот, сокот од лимон и ѓумбирот. Гответе околу пет минути, односно додека шеќерот не се раствори. Истурете го вискито, измешајте и тргнете го од оган. Истурете во стаклените чаши во кои сте ги ставиле стапчињата цимет. Украсете со парчиња лимон.
- Црн чај со рум, каранфилче, портокал и звезден анасон
Состојки:
400 мл црн чај
500 мл црвено вино
50 мл рум
3 портокали
1 стапче цимет
половина лимон
3 каранфилче
1 ѕвезда анасон
80 грама шеќер
Направете црн чај. Портокалот пресечете го на половина и исечете четири тенки прстени кои ќе ги исечете на половина. Исцедете го остатокот од портокалите и половина лимон. Во тенџере измешајте чај, вино, сок од лимон и портокал, прстени од портокал, звезден анасон и скршено стапче од цимет. Загрејте го, но внимавајте да не зоврие. Кога ќе биде доволно топло тргнете го од оган. Во лажица ставете шеќер, натопете со рум и ставете го во тенџерето. Измешајте сè и оставете го покриено пред сервирање.