Еве што откри една студија
Недостатокот на страст е една од најчестите причини зошто мажите одлучуваат да ги изневерат своите сопруги. Ова го покажа истражување спроведено во Австралија, кое заклучи дека причина за аферите е незадоволството на посилниот пол поради упорното одбивање на кое наидуваат од своите сопруги. Сепак, додадено е дека мажите најмногу ја обвинуваат својата подобра половина за неверството.
Дали знаете со кои жени најчесто изневеруваат? Неверните мажи открија како ги бираат жените со кои ќе ги изневерат своите партнерки. Истражувањето на една страница за запознавање открило дека процесот на селекција не е случаен и мажите генерално прво размислуваат, потоа планираат и на крајот – го прават тоа.
Од 1.300 испитаници, 27 отсто од мажите признале дека доколку се незадоволни од нивната врска, би се обиделе да ја заведат својата колешка. Иако „другата жена“ често ја опишуваат како мистериозна заводничка, таа всушност обично е некоја блицка личност. Затоа, мажите обично избираат жена што ја познаваат за афера. Тоа најчесто се случува со колешките, бидејќи тие поминуваат најмногу време со нив – секој ден.
Дури 99 отсто од мажите откриле дека имале афера или сериозно размислувале да започнат. Мнозинството изјавило дека главниот мотив за барање љубовница е интимниот однос кој ќе ги задоволи нивните потреби. Кога станува збор за жените, се верува дека повеќе од половина од нив имаат афера по раѓањето деца.
Кога бараат партнер за афера, жените најмногу гледаат на неговиот изглед, но има и такви кои мажот ги привлекол на интелектуален план. Повеќето мажи и жени велат дека „аферата била обид да се зачини нивниот љубовен живот“. Дали овие податоци ве изненадуваат или не?