Верувања и суеверија: Шест работи кои треба да ги направите на дочекот на новата година, а една никако не смеете!

popara31 декември, 20221min00
shutterstock_512168878

Како и за другите празници, постојат суеверија поврзани со новогодишната ноќ и првите денови од следната година.

Новата година е период полн со интересни работи и секој би сакал во следната година да влезе максимално растеретено и среќно.

Затоа околу Нова година треба да внимавате, бидејќи според верувањата некои работи не смеете да ги правите.

Значи, ова се новогодишните суеверија:

1. Задолжително е да се бакнуваат саканите на полноќ. Бакнувањето и честитањето ќе ви донесат емотивна поврзаност и интимност со тие луѓе во наредната година.

2. За да имате доволно храна и пијалок во следната година, така треба и да ја дочекате. Значи, фрижидерот треба да биде полн, а во секој од паричниците во куќата да ставите по малку пари.

Во Новата година не треба да влегувате со некои долгови или неплатени сметки.

3. На први јануари треба да направите нешто ситно, што ќе значи дека ќе има работа и во следната година. Сепак, не треба да претерувате бидејќи ако работите многу, а особено ако започнете некоја нова активност, тоа значи дека нема да имате многу успех во наредната година.

4. За новогодишната ноќ би било добро да облечете нешто ново бидејќи означува дека ќе се подновите во следната година. Исто така, познато е дека треба да носите црвена облека бидејќи таа носи среќа во љубовта и воопшто во животот.

5. Треба да внимавате да не скршите ништо на први јануари, бидејќи тоа се смета за лош знак.

6. Доколку во вашето семејство на 1 јануари се родат бебиња, се смета дека тие ќе бидат „деца на среќа“.

Сфатете го ова прво како само интересни суеверија, почитувајте некои ако ви се допаѓаат, но дефинитивно не дозволувајте ништо да влијае на вашата новогодишна прослава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma