СЕКОЈДНЕВНИОТ СЕКС има и ЛОШИ СТРАНИ?

popara31 декември, 20221min00
676

Дали е можно премногу секс да носи со себе и лоши страни? Дали секојдневниот секс може да ви донесе нешто негативно? Ова прашање ги мачи сите оние со висок сексуален нагон, како и оние кои имаат партнер кој прави се за да ги убеди да водат љубов секој ден. За жал, премногу секс може да предизвика некои несакани ефекти. Во текстот подолу ви претставуваме дел од нив…

МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВАТ МОДРИНКИ И ОШТЕТУВАЊА НА ТКИВАТА

Секоја жена со нормално ниво на естроген има природно влажна обвивка околу вагината. Кога нивото на естроген се намалува, сувоста на вагината може да се појави одеднаш. Честиот секс може да доведе до намалување на нивото на естроген, а со тоа и до сувост на вагината. Следствено, кога влажноста во вагината не е соодветна, прво може да се појават болка и непријатност, проследено со модринки и оштетување на ткивото. Меѓутоа, за среќа, овие промени поминуваат сами по себе во рок од неколку дена.

ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

Премногу секс може да ве направи подложни на инфекции на уринарниот тракт. Природната pH вредност на вагината ви помага да се борите против разни патогени кои влегуваат во уринарниот тракт, односно таа служи како ваша заштитна бариера. Меѓутоа, ако имате сексуален однос секој ден, телесните течности може да ја променат вашата вагинална pH вредност и да дозволат бактериите да влезат во уринарниот тракт, што доведува до инфекции на мочниот меур и вагината.

РИЗИК ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНЕСУВАНИ БОЛЕСТИ

Овој ризик се однесува само на луѓето кои речиси секој ден ги менуваат сексуалните партнери. Ако речиси секој ден се впуштате во сексуални активности со различни партнери, ги зголемувате шансите да заболите од некоја сексуално пренослива болест. Затоа, ако тоа е нешто во што се препознавате, ќе треба почесто да се тестирате за овој тип на болест.

РИЗИК ОД НЕНАДЕЈНО ГУБЕЊЕ НА ИНТЕРЕС

Многумина од нас мислат дека никогаш не можеме да имаме доволно секс. Секако дека така мисли вашиот ум, но вашето тело не би се согласило. Сексот е како вежбање; ако претерате, вашето тело несвесно ќе застане за време на чинот за да спречи понатамошно оштетување. Ова е важно да го знаете за да не добиете непријатно изненадување ако наеднаш изгубите интерес среде секс.

МОЖНОСТ ЗА ПОЈАВА НА ЗАВИСНОСТ

Премногу секс може целосно да го промени вашето сексуално однесување. Односно, би можеле да добиете неприродно силен сексуален нагон. Запомнете што велат тие, помалку е често повеќе. Ова особено важи за сексот бидејќи постои реална шанса зависноста од секс да го уништи вашиот однос со партнерот и да ве претвори во нешто што не сакате да бидете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma