Привлечете му го вниманието и заведете го со само неколку чекори: Третиот е особено важен!

popara1 јануари, 20231min00
676

Жените секогаш се прашуваат како најдобро можат да го привлечат вниманието на мажот. Секако дека ги има повеќе, но доколку сакате нешто повеќе од авантура со него, тогаш треба да знаете како да го заведете.

Всушност, тоа не е нималку тешко со неколку трикови, а дискретно секој маж може да стане ваш. Треба само да ја покажете вашата подобра страна.

И како треба да постапите?

Следете ги овие едноставни чекори и оставете ги вашите чувства да течат.

Бидете што е можно пошармантни

Атрактивноста е универзален феномен и кога станува збор за личноста, постојат некои особини кои се подеднакво привлечни и за мажите и за жените. Затоа, кога размислувате како да привлечете маж, размислете што е тоа што може да ве привлече. Луѓето ги привлекуваат среќни и самоуверени луѓе. Фокусирајте се на покажување на вашата извонредна личност, а мелодраматичноста препуштете им го на вашите другарки.

Направете да се чувствува добро покрај вас

Дали ви се допаѓа кога мажите ви даваат комплименти? Ниту тие не се имуни на ласкање. Не плашете се да му дадете неколку комплименти за неговите секси бицепси, шармантната насмевка или одличната смисла за хумор. Ако направи нешто убаво за вас, ве почести со вечера, ве однесе некаде или ви даде комплимент, покажете му дека го цените тоа.

Лов

Иако повеќето момци сакаат лов, им треба малку охрабрување. Секако, нека изгледа дека мажот го направил првиот потег, но тоа всушност сте го направиле вие и тоа со очите. Експертот за говор на телото Елен Пис вели дека треба да го погледнете мажот најмалку три пати пред тој воопшто да го забележи тоа. Гледајте во негова насока и задржете го погледот не подолго од 20 секунди, а потоа повторете. Додадете мала насмевка за да не изгледате премногу сериозно.

Не изгледајте застрашувачки

Ако сакате да ве праша да излезете, обидете се да му олесните. Погрижете се вашиот говор на телото да биде топол и пријателски настроен; избегнувајте да ги прекрстувате рацете, држете ги рамената исправени и свртете се кон него.

– Не бидете премногу љубопитни; последното нешто што треба да го прашате мажот кога ќе го запознаете е каде живее, што работи и каква кола вози. На пример, некој кој поседува ламборџини, кога излегува со девојка секогаш првите неколку пати, ја позајмува колата од брат му. Повеќето мажи на километар можат да намирисаат девојка која ја интересираат само пари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma