Ако претеравте со јака храна за празниците, можете да направите посни лазањи со растителен кашкавал
Состојки:
девет листови лазањи
главица кромид
150 гр соја во лушпи
две шолји сос од домати
две чешниња лук
две лажици брашно
500 мл бистра зеленчукова супа (коцка)
200 гр растителен кашкавал
бибер, сол
оригано, масло
Подготовка:
Обарете ги листовите лазања во солена врела вода со малку масло. Истурете ги снегулките од соја со врела вода и оставете ги да омекнат.
На масло пропржете го ситно сечканиот кромид и лук и додадете ги исцедените снегулки од соја. Кога убаво ќе се испржи се прелива со сосот од домати и се додава ориганото и се продолжува со динстање додека смесата не се згусне. За бешамелот пропржете го брашното на масло и со мешање полека ставете ја супата од зеленчук. Кога ќе згусне, посолете и побиберете.
Во намастена тава прво ставете три листови лазањи, покријте ги со сос, па бешамел, па ставете еден лист лазања. Повторете ја постапката три пати. Последната кора прелијте ја со остатокот од бешамелот и сосот од домати. Одозгора ставете го изренданиот растителен кашкавал. Покријте со фолија и печете околу 45 минути на 180 степени.
Пријатно!