Ова е причината зошто алиштата не ви мирисаат убаво, дури и ако истурите половина шише од најдобриот омекнувач во машината

popara1 јануари, 20231min00
676 (1)

Триковите за чистење се интересни за многу луѓе, особено оние кои можат да ни помогнат да го извлечеме максимумот од најобичните работи.

Една од тие работи е перењето затоа што секогаш изгледа дека може да биде подобро, побело, попостојано, помиризливо… Иако не сме поддржувачи на некој болен перфекционизам, не е лошо да знаете некои трикови.

Девојка по име Беки Марфи објави генијален трик за чистење на „TikTok“.

– Шокирана сум колку луѓе не го знаеле ова – напиша таа со видеото и додаде дека ставањето на прашок во назначениот дел може да ја оштети машината.

Што е подобра опција? Подобро е да го ставите директно во барабанот.

Тој исто така тврди дека алиштата многу подобро ќе се перат кога прашокот директно ќе го ставите во барабанот бидејќи така подобро се создава пена, а измиените алишта имаат поинтензивен мирис.

Некои се согласија со нејзиното мислење, а други не.

Ако одлучите да ја слушате Беки, не ставајте премногу алишта во машината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma