Ноктите губат вода сто пати побрзо од кожата, негувајте ги со едноставни препарати кои сами ќе ги направите

popara1 јануари, 20231min00
676 (2)

Времето е студено, а на нашите нокти тоа воопшто не им се допаѓа, како и многу други фактори на кои се секојдневно изложени. Затоа е многу важно одвреме-навреме да им приредуваме убав третман, а тоа не бара од вас да одите на маникир или прескапи препарати.

На пример, секогаш кога производите за чистење оставаат траги на вашите раце, слободно натопете ги во мешавина од маслиново масло и сок од лимон. Исто така, пред спиење, намачкајте ги рацете со маслиново масло и облечете памучни ракавици за да делува во текот на ноќта.

Имајте на ум дека ноктите губат вода сто пати побрзо од кожата, затоа еднаш или двапати неделно подгответе домашен пилинг за зајакнување на ноктите и потопете ги во камилица или маслиново масло. Измешајте по една лажица маслиново масло и рицинус со лажичка мед и половина чаша мелени ореви. Масирајте го домашниот пилинг на ноктите и рацете. Измијте го со топла вода и нанесете помрсен крем.

Освен тоа, чест проблем се тенките, суви и кршливи нокти, а неколку едноставни домашни рецепти ќе ги зајакнат.

Паста од компир и млеко

Сварете три компири, испасирајте ги и додадете малку млеко за да добиете смеса како тесто. Топлата смеса нанесете ја на рацете и оставете ја додека не се излади. Исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Блага „бања“

Измешајте една лажица камилица и еден литар топла вода. Оставете малку да се излади, па потопете ги рацете во садот.

Чувајте ги така 15 до 20 минути и нежно избришете ги.

Пилинг од бадеми

Исецкајте една шака ленено семе и измешајте со лажичка бадемово масло. Ставете малку топла вода и добро измешајте.

Масирајте ги рацете со смесата околу 15 минути, а потоа исплакнете ги со вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma